Пораст на цените на нафтата на светските пазари

51

Цените на нафтата пораснаа на 52 долари откако американскиот претседател, Доналд Трамп го потпиша законот за финансиска помош поради пандемијата, што им влеа надеж на трговците, а во исто време завладеа и оптимизам поради почетокот на кампањата за вакцинирање во Европа.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта порасна за 45 центи и изнесуваше 51,74 долари. Во скоро ист износ барел нафта поскапе и на американскиот пазар, каде што се тргуваше по 48,67 долари.

Откако Трамп го одблокира одобрувањето на пакетот финансиска помош, демократите ќе се обидат да го одбранат својот став за поголема поддршка на населението од 2.000 долари.

Цените на нафтата и понатаму се под влијание на случувањата и последиците предизвикани од пандемијата. Трговците, исто така, со големо внимание ќе го следат состанокот на Организацијата на земји извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници (OPEC +), закажан за четврти јануари.

Фото: Freepik