Пораст на цените на угостителските услуги во април

12

Цените на угостителските услуги во април оваа година, во споредба со претходниот месец, бележат зголемување од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 0,3%.

Цените на угостителските услуги во април 2015 година, во однос на истиот месец од претходната
година, се зголемени за 0,6%. Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, додека во однос на декември 2014 година се зголемени за 0,2%.