Пораст на продажните цени на индустриски производи во февруари

55

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во февруари оваа година, се повисоки за 1,3% на месечно и за 3,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2021, во споредба со јануари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 3,7%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5%.

Во февруари 2021, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 13,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6% и Интермедијарни производи, освен енергија за 3%.

Фото: Pexels