Пораст на продажните цени на индустриските производи во септември

13

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во септември оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 0,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0,5%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и Енергија за 0,2%, додека во групата Капитални производи се останати на исто ниво.

Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 2,8% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.