Пораст на прометот во индустријата во ноември

14

Прометот во индустријата во ноември минатата година, во однос на истиот период претходната година, бележи пораст од 20,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2014, во однос на ноември
2013 година, бележи опаѓање од 1,8%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од
28,2%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2014
година, во однос на ноември 2013 година, бележи опаѓање од 14,1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 22,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година,
бележи пораст кај Енергија за 120,6%, Капитални производи за 79,7% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 4,7%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,3%.

Прометот во индустријата во ноември 2014 година, во однос на октомври 2014 година, бележи намалување од 6,7%, додека во периодот јануари – ноември 2014 година, во однос на периодот јануари – ноември 2013 година, бележи пораст од 15,1%.