Пораст на прометот во индустријата за 20,3% во декември

17

Прометот во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период претходната година, бележи пораст од 20,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2014, во однос на декември 2013 година, бележи пораст од 4,1%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 27,4%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст од 36,9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 19,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22,6%, Капитални производи за 70,6% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 41% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9%.

Прометот во индустријата во декември 2014 година, во однос на ноември 2014 година, бележи намалување од 4,9%, додека во периодот јануари – декември 2014 година, во однос на периодот јануари – декември 2013 година, има зголемување од 15,5%.