Прометот во трговијата на мало во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,6%, а реално за 7,5%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 18,7%, а реално за 15,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13%, а реално за 13,5%).