Во трговијата на мало, во август 2015 година, во споредба со август 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 3,5%, а реално за 2,7%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување има и кај трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 6,5%, а реално за 0,4%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 5,1%, а реално за 3,8%).