Пораст на трошоците на живот и цените на мало во јануари

19

Трошоците на живот во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,6%, додека кај цените на мало има зголемување од 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4,5%, свежото и разладеното овошје за 3,4%, млекото за 1,4%, сувото овошје и јаткастите производи за 1,3%, другите прехранбени производи за 0,8%, сирењето и урдата за 0,6%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5%,
безалкохолните пијалаци за 0,4%, лебот и месото за 0,3%, јајцата и алкохолните пијалаци за 0,2%.
Во јануари, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 9,1%, другите финансиски услуги неспомнати на друго место за 7%, информатичката опрема за 6,4%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 6,2%, услугите за сместување за 4,9%, гасот за домаќинствата и патниот сообраќај за 3,9%, автомобилите за 3,7%, градините, растенијата и цвеќињата за 2,7%, теписите и другите покривки за под за 1,5%, телефонските и телефакс услугите за 0,8%, алатите и опремата за куќа и градина за 0,7%, угостителските услуги за 0,6%, средствата за чистење и одржување на станот за 0,5%, мебелот за 0,4%, облеката и материјалите за одржување и поправки на станот за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 1,3%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,6%, јогуртот, замрзнатото овошје и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 5,7%, туристичките пакет – аранжмани за 5,4%, телефонската и телефакс опремата за 3,4%, обувките за 1,7%, лековите за 0,6% и услугите за лична хигиена за 0,2%.

Трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, бележат пораст од 0,6%, а цените на мало се зголемени за 1,5%.