Пораст на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

17

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во мај 2018 се повисоки за 10,4 % во однос на претходниот месец објави Државниот завод за статистика. Истите цени бележат раст од 30,2 % на годишно ниво, се вели во извештајот од ДЗС.

Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба.

Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.