Пораст од 1,1% на индустриското производство во јануари

28

Индустриското производство во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2015
година, во однос на јануари 2014 година, бележи опаѓање од 9,1%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 16,8%.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014
година, бележи пораст кај Енергија за 5,7%, Капитални производи за 44,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 12,7%.