Пораст од 3,1% на индустриското производство во февруари

22

Индустриското производство во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи опаѓање од 13,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,2%.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014
година, бележи пораст кај Енергија за 5,9%, Капитални производи за 26,8%, Трајни производи за широка
потрошувачка за 27,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,3%.

Индустриското производство во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на периодот
јануари – февруари 2014 година, Бележи пораст од 2,1%.