Пораст од 3,5% на индустриското производство во декември

11

Индустриското производство во декември 2016 година, во однос на истиот период претходната година, е зголемено за 3,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи опаѓање од 1,3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13,6%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерали, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 8%, Капитални производи за 2,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 18,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9%, додека опаѓање бележи кај  Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4%.

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2016 година, во однос на периодот јануари – декември 2015 година, е зголемено за 3,4%.