Пораст од 4,9% на индустриското производство во 2015 година

18

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2015 година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во декември минатата година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 10,5%.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст од 4,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12,1%.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 19,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,7%, Капитални производи за 16,3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,7%.