Пораст од над 600% на резервации за одмор

35

Британската нискобуџетна авиокомпании, EasyJet објави дека бројот на резервации на летови е зголемен за над 300%, а резервациите за одмор за повеќе од 600% за една недела, откако Велика Британија најави дека ги обновува меѓународните патувања.

Според оваа авиокомпанија, грчкиот остров Крит е меѓу најпопуларните дестинации на кои луѓето сакаат да патуваат во август, а има голем интерес и за Малага, Аликанте, Палма де Мајорка и неколку дестинации во Португалија.

Исто така, има голем интерес и за летови во јули и септември.

Резервациите, како што се наведува, се направени и покрај фактот што не се знае на кој начин ќе бидат отворени меѓународните рути и иако британскиот премиер, Борис Џонсон пред две недели најави дека постапно ќе бидат укинувани рестрикциите за патување.

Фото: Pexels