Поразителни цифри – 94% од работната сила нема вештини што се неопходни до 2030 година

188

Многу држави ќе се соочат со растечки недостаток на вештини во текот на наредната деценија ако не почне веднаш преквалификација на работници, се наведува во извештајот на McKinsey.

Консултантската куќа објави анализа што покажала дека 94% од работната сила нема вештини кои ќе бидат неопходни до 2030 година.

Пандемијата го поларизираше пазарот на трудот особено со вештини кои веќе недостасуваат, како што се оние потребни за е-трговија и анализа на синџирот на снабдување, додека работни места со ниски квалификации изгубени за време на кризата веројатно нема да закрепнат, покажува извештајот.

Некои од работните места кои се изложени на најголем ризик се местата во продажба, трговија на мало, трговци, рецепционери и келнери, кои традиционално работат како хонорарци.

Без заедничка акција на работодавците, две третини од работната сила во Велика Британија би можеле да бидат без основни дигитални вештини до 2030 година, додека повеќе од 10 милиони луѓе би можеле да бидат недоволно квалификувани да раководат, да комуницираат и да донесуваат одлуки, се вели во извештајот.

Фото: Freepik