Пороен дожд, грмежи и температура до 34 степени

20

Времето денеска во Македонија ќе бде облачно со малку сонце и локален пороен дожд. Во попладневните часови се очекува зголемување на нестабилноста проследена со пороен дожд и грмежи и повремено засилен јужен ветер.

Локално ќе има услови за невреме и изолирана појава на град. Дневните температури ќе се движат од 24 до 34 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 30 степени.