Пороен дожд и грмежи

36

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 13 до 21 степен.

Во Скопје и околината слично време со температура до 17 степени.