Porsche преговара со Rimac за заедничка инвестиција во Bugatti

22

Германскиот автомобилски бренд Porsche, што е дел од групацијата на Volkswagen, преговара со хрватскиот производител на електрични автомобили, Rimac Automobili за заедничка инвестиција преку којашто ќе управуваат со брендот за луксузни автомобили, Bugatti, соопшти претседателот на Volkswagen, Херберт Дис.

“Она што сакаме да направиме е да ја пренесеме одговорноста од Bugatti на Porsche, којшто ќе воспостави заедничка инвестиција со Rimac, со малцинскиот удел на Porsche“, рекол Дис, пренесува bne inllinews.

На почетокот на овој месец, Porsche го зголеми уделот во Rimac Automobili од 15,5 на 24% по инвестиција од 70 милиони евра.

Фото: Pexels