Porsche сега има 24% удел во Rimac Automobili

68

Автомобилскиот гигант Porsche инвестира нови 70 милиони евра во хрватската компанија за електрични автомобили, Rimac Automobili. Според официјалното соопштението на германската компанија, Porsche е инвеститор во Rimac Automobili од 2018 година, а една година подоцна го зголеми уделот на 15%.

“Последното зголемување на капиталот ја прикажува експанзијата на стратешкото партнерство. Porsche инвестира дополнителни 70 милиони евра“, велат од Porsche, додавајќи дека сега ќе имаат удел од 24% во компанијата.

“Porsche ни е голема поддршка од 2018 година и секогаш ни беше чест што имаме толку силна соработка со еден од најзначајните и најнапредни производители на спортски и премиум автомобили. Горди сме на соработката на нови и возбудливи проекти со Porsche и довербата во Rimac резултираше со неколку кругови на инвестиции, што Porsche го прави важен акционер на нашата компанија“, вели Мате Римац, основач и извршен директор на Rimac Automobili.

Според него, важно е и за Rimac и Porsche да останат целосно независни бидејќи имаат клиенти од целиот свет.

“Мате Римац и неговиот тим се клучен партнер што нас ќе нè поддржи во целокупниот развој, а посебно во развој на компоненти за автомобили. Rimac е на добар пат да стане добавувач од прво ниво за Porsche и други производители на подрачјето на висока технологија“, вели Луц Мешке, заменик претседател на Извршниот одбор и член на Извршниот одбор за финансии и ИТ во Porsche AG.

Фото: Facebook