Порше бележи нов продажен рекорд

31

Познатиот германски произведувач на луксузни спортски автомобили Порше, денес соопшти дека бројката на продадени автомобили, досега во оваа година е поголема од вкупната бројка на продадени автомобили во изминатата 2011, која беше рекордна за компанијата.

Имено Порше во изминатите 11 месеци, заклучно со ноември, продал вкупно 128.978 автомобили на пазарите ширум светот, со што компанијата го надминала рекордот од изминатата година, кога биле продадени вкупно 118.868 автомобили во целата година.

Сопред изјавата на директорот на одделот на продажба и маркетинг, Бернард Мајер
во ноември забележан е пораст на продажбата за 38,7%, односно продадени се вкупно 12.928 возила.

Споредено глобално продажбата на автомобилите на Порше пораснала на сите светски пазари, најмногу во САД за 71,4% и во Кина за 63,4%.