Порше Македонија го претстави новиот ŠKODA Superb

22

ŠKODA Superb

Љубителите на висококвалитетни автомобили со атрактивни цени, сега имаат уште една причина за радост. Во ŠKODA салоните на Порше Македонија пристигна најновиот член на семејството ŠKODA –  новиот ŠKODA Superb, се вели во соопштението.

ŠKODA Superb, веднаш по лансирањето на светскиот пазар, ги доби максималните пет ѕвезди од Euro NCAP, европска програма за оценување на нови автомобили. Се работи за безбедно возило коешто е идеален избор за семејни и бизнис патувања, а дизајнот не е жртвуван на сметка на функционалноста.

“ŠKODA Superb е лимузина којашто изгледа одлично, нуди многу простор и фантастично возачко искуство, тоа беше е крајната оценка на престижниот англиски весник Телеграф за моделот кој од неодамна е достапен и во нашата земја. ŠKODA Superb, автомобилот кој ги воодушеви познавачите и вљубениците во убавците на четири тркала, веќе е ’вдомен’ во салонот на генералниот увозник на ŠKODA, Порше Македонија. Покрај безбедноста, најсилните адути на ŠKODA Superb се: стабилноста и фактот дека е одличен избор за долги патувања“, стои во соопштението.

Дизајнерите и стручниот тим на ŠKODA го поставија овој модел на едно сосема ново ниво кога станува збор за креативноста и технологијата. Предниот дел од возилото е силен и стабилен додека гледана од страна ŠKODA Superb се издвојува со динамичната елеганција. Задниот дел е моќен и со впечатливи LED светла, а комплетно новиот ентериер е само продолжение на перфектниот надворешен дизајн.

Автомобилот нуди низа системи за помош кои досега не беа вградувани кај возилата од овој сегмент. Новата технологија му помага на возачот во најразлични ситуации во сообраќајот така што стандардно доаѓа со електронска контрола на стабилноста вклучувајќи и систем за сопирање во случај на повеќекратен судир. Отсега кај новиот Superb достапни се и Front Assist – систем кој го намалува ризикот од удар напред, електронско мониторирање на притисокот во пневматиците, XDS +, дополнителна функција за електронско блокирање на диференцијал. На располагање се и Blind Spot Detect (систем за откривање на возила во мртов агол), Rear Traffic Alert (сигнализација за сообраќајот зад возилото), Traffic Jam Assist (систем кој помага при возење во сообраќајниот метеж), Emergency Assist (систем за помош при итни случаи). На располагање се: адаптивен темпомат, системот за проактивна заштита на патниците,систем за ограничување на брзината, детектор на замор и систем кои ги препознава сообраќајните знаци. Покрај сето тоа, иновативните системи за осветлување обезбедуваат значително поголема безбедност. Superb e првиот модел на ŠKODA кој го има системот Smart Light Assist (систем за динамичко регулирање на долгите светла преку маскирање на дел од светлосниот сноп).

ŠKODA Superb се истакнува и со иновативната технологија на моторот така што возилото троши само 3,7 литри гориво на 100 километри и емитира 95 грама јаглероден диоксид на секој изминат километар. Намалената тежина на возилото за 75 килограми и напреднатата аеродинамика исто така придонесуваат за намалената потрошувачка со што се “чува“ и џебот на сопственикот.

Аудио стручњаците го опишуваат ŠKODA Superb и како концертна сала на четири трка благодарение на квалитетниот систем Canton кој има 12 звучници, дополнети со засилувач монтиран под седиштето на возачот и поради кои аудио искуството е фасцинантно. Покрај сето тоа, новиот Škoda Superb поставува нови стандарди во поврзувањето на автомобилот со паметни телефони и таблети како и во поврзувањето со интернет.