Посебноста на жената во бизнисот – отворен настан на WA Македонија и ИМЕ програмата

56

Women in Adria MK заедно со жените во бизнисот од ИМЕ програмата ве покануваат на средба на којашто ќе се зборува на тема Посебноста на жените во бизнисот.

Настанот ќе се одржи во четврток, 29-ми ноември, во Гарден СПА Хотел (ул. Леринска бр.2 во Скопје, наспроти ресторанот Два Елена) со почеток од 13:00 часот.

На разговор со чај, покрај можноста да се запознаaт со други жени во бизнисот, присутните ќе можат да ги слушнат трите говорнички коишто ќе зборуваат на различни теми.

Снежана Богдановска Сани ќе го сподели своето искуство на тема “Изгледот на бизнис жената денес: каква пораката праќаме со нашиот деловен изглед.“ Филимена Радоњанин од Фејдом ќе зборува на темата “Уредување на деловниот простор на жената во бизнисот“, а Ангела Христовска од My creative team за “Најдобро планирање на нашето време како деловни жени“.

Поради ограничениот  простор, ве молиме за потврда на вашето присуство на cvelkova@ceed-macedonia.org или на zaklina.gestakovska@swisscontact.org.