Поштенска банка се присоедини кон Еуростандард банка

52

postenska banka

Централниот регистар на Република Македонија донесе решение за упис на статусна промена присоединување на Поштенска банка АД Скопје кон Еуростандард банка АД Скопје.

Уписот е извршен врз основа на дозволата за статусна промена – присоединување на Поштенска банка АД Скопје кон Еуростандард банка АД Скопје издадена од гувернерот на Народната банка на Република Македонија на 16 јуни 2014 година и  прифаќање на Спогодбата за присоединување од страна на собранијата на акционери на двете банки.

Со ова, Поштенска банка АД Скопје престанува да постои како правно лице без да се спроведе ликвидација, а целокупниот имот и обврските преминуваат кај Еуростандард банка АД Скопје.