Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините поскапуваат за пола, а дизелот за еден денар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување
на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.06.2021 година и со
тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 61,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 ден/кг во однос на цената утврдена
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 07.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,237 ден/кг.











