Поскапуваат многу производи поради недостиг и поголема побарувачка

93

Трговците во Австрија се соочени со недостиг од производи, што предизвикува чекање од купувачите, но и поскапување на одредени производи.

Поради воведените рестриктивни мерки, жителите на Австрија повеќе време поминуваат дома и се занимаваат со спорт. Тоа го почувствувале и продавниците за спортска опрема, бидејќи скоро и да немаат тегови, а наскоро ќе се соочат и со недостиг од велосипеди.

Според официјалните податоци, цените на електричните велосипеди се за три до 4% повисоки. Но, не поскапува само спортската опрема, туку и градежните материјали.

“Без разлика дали станува збор за дрво, пластика или индустриски метали, цените растат со месеци“, порачуваат трговците, кои повисоките цени ги образложуваат со зголемената побарувачка, намаленото производство и проблеми со снабдување.

Фото: Pexels