Поскапувања во Словенија поради повисока стапка на ДДВ

41

slovenijaВо Словенија од денес почнува да важи новата стапка на данок на додадена вредност (ДДВ). Се очекува да поскапат автомобилите и бензинот, комуналните услуги, градинките, домовите за стари лица, струјата, гасот, телефонските разговори и некои услуги на банките, јавува Бета.

Негои угостители веќе ги качија цените во своите локали. Големите трговци не најавуваат промена на цените на основните животни продукти.

Словенечката премиерка Аленка Братушек претходно изјави дека верува дека зголемувањето на стапката на ДДВ нема во целост да се пренесе на конечните продажни цени затоа што тоа би предизвикало пад на потрошувачката.

“Уверена сум дека произведувачите и трговците можат да најдат компромис и да преземат на себе дел од товарот од зголемувањето на ДДВ-то за да не дојде до пад на потрошувачката”, изјави Братушек за Дело.

Највисоката стапка е зголемена од 20% на 22%, а најниската од 8,5% на 9,5%. Ова зголемување е дел од мерките на владата за стабилизација на јавните финансии, а се очекува во буџетот да се влеат 250 милиони евра на годишно ниво.