Последниот новогодишен говор на Меркел го следеле девет милиони лица

27

Скоро девет милиони луѓе го следеле новогодишниот говор на германската канцеларка Ангела Меркел, што бил нејзин последен на таа државничка функција.

Претпоследниот, 15-ти говор минатата година го следеле околу 5,1 милиони граѓани.

“Сојузните избори ќе се одржат за девет месеци, на коишто јас нема да се кандидирам. Ова денес најверојатно е последен пат да ви се обратам како канцеларка на новогодишен говор“, рекла Меркел.

Германските демохристијани (CDU), којашто во овој момент е најпопуларна партија во Германија, би требало да избере кандидат кој ќе ја наследи Меркел.

Фото: Instagram screenshot