Пословни дневник: IBM ќе отвора центар во Хрватска?

21

ibm

Во Хрватска наскоро би можел да влезе гигантот од ИТ секторот, американската компанија IBM, пишува Пословни дневник.

Според Пословни, хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ неодамна имал средби со високо позиционирани менаџери во оваа компанија, која, неофицијално, во Хрватска планира да отвори Центар за техничка поддршка. Станува збор за вреден проект и преговори што траат веќе шест месеци, а потписот на оваа голема инвестиција би требало да биде ставен кон крајот на март.

Инвестицијата би требало да се одвива во неколку фази и да се вработат околу 800 луѓе. Центарот најверојатно ќе се наоѓа во Загреб и ќе биде европски центар, не само регионален за неколку производи на IBM.