Потпишан Меморандум за разбирање со Afrasia Development Corporation S.A.

19

Меморандум за разбирање со Afrasia Development Corporation S.A., инвестициска компанија со седиште во Женева вчера потпиша Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Како што соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Afrasia Development Corporation S.A. активно работи во делот на финансирање и менаџирање на капитални стратешки проекти од областа на енергетиката, туризмот, транспортот и автомобилската индустрија, јавува Миа.

Со потпишаниот Меморандум се воспоставува рамка за идна соработка на проекти меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Afrasia Development Corporation S.A. која, како што се вели во соопштението, има огромно искуство и работи во партнерство со глобални институционални инвеститори.