Потпишан меморандум за управување со отпад меѓу три компании

22

Print Компаниите Пакомак, Екосајкл и Еко-пак хит од Кочани, денеска потпишаа меморандум за соработка, чија цел е да се подигне јавната свет за значењето на селективното собирање на отпадот, како и неговото рециклирање.
Со документот кој го потпишаа три од четирите регистриани компании за управување со отпад, треба да се придонесе за поголема вклученост на општините, министерствата и институциите во овој процес и да се продолжи со подобрување на инфраструктурата, поточно да има поголем број на селективни контејнери за комунален отпад и специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат.
Меморандумот ќе биде доставен до надлежните институции, односно Управата за животна средина, Државниот инспекторат Царинската управа и Државната пазарна инспекција.
Трите комапнии од надлежните институции ќе побараат компаниите повеќе да го почитуваат Законот за управување со отпад за пакување, како и санкционирање на сите компании – загадувачи кои не плаќаат соодветен надомест на државата или компаниите управувачи со отпадот.
Ниту еден малопродажен објект не смее да продава производи од компании кои немаат договор со колективен постапувач, односно ако не финансиират систем за собирање на амбалажата од нивните производи. Сите компании кои произведуваат или увезуваат производи во Македонија, должни се да се приклучат кон организиран систем, со кој отпадот од амбалажата на нивните производи ќе се собере и однесе на рециклирање или енергетско искористување.
Националните цели предвидуваат до 2020 година над 50% од масата на амбалажниот отпад да се рециклира или енергетски да се искористи. Исполнувањето на овие цели е и еден од предусловите за влез на Македонија во Европската унија.
Во Македонија се создава околу 110.000 тони амбалажен отпад, а само околу 40-45% се пријавува кај колективни управувачи со отпад од страна на производителите. Од вкупната количина се рециклира само околу 20%, и тоа пред се хартија и пластика, а другиот дел завршува во депониите.