Потпишан меморандум за вклучување на приватниот сектор во локалниот развој

70

1Министерството за економија на Република Македонија и Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем потпишаа Меморандум за соработка за вклучување на приватниот сектор во локалниот економски развој.

Целта на ова партнерство е создавање на подобри услови за вклучување на компаниите во процесот на локалниот економски развој преку иницијативи коишто носат придобивки за компаниите, но и за пошироката деловна средина.

Проектот, со којшто се овозможува во активностите за коишто се одвоени 500.000 долари да се вклучи приватниот сектор, и Министерството ќе соработуваат преку национална кампања за поттикнување на учество на компаниите во локалниот економски развој.

Целта на проектот е да се поттикнат компаниите да инвестираат во развојот на нивните синџири на снабдување и работната сила, но не од алтруистички причини, туку за поддршка на нивниот сопствен раст. Проектот за развој на деловниот екосистем, за кој се одвоени 6,2 милиони долари, за четири години, се очекува да помогне да се креираат 5.750 нови работни места.