Потрошени 6,6 милијарди денари за заштита на животната средина во 2014

20

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2014 година изнесува 6.622.042.000 денари. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во бруто домашниот производ (БДП) во 2014 изнесува 1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (25,2%), потоа учеството на трошоците за постапување со отпад (17,7%) и трошоците за управување со отпадни води (16%). Учеството на трошоците за заштита на воздухот изнесува 12,8%.

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 44,5%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 55,5%.

Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во вкупните инвестиции во основни средства изнесува 2,4%.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4.895.501.000 денари, односно 73,9%.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 31,5% се наменети за инвестиции, а 68,5% се за одржување на средствата.