Потрошувачка по енергенти во март

93

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2020 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 699.793 МWh електрична енергија, 15.554 мил. нм3 природен гас, 467.692 тони јаглен и 80.000 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 61,8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,8% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Фото: Freepik