Повеќе деловни објекти утре без струја

22

Објектите на Дени Шпед, Гама Инвест и Рио Кафе во општина Илинден утре од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе биде ОНЕ (контрола) во општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради изведување технички зафати во дистрибутивната мрежа од ЕВН Македонија АД.