Повеќе домашни од странски туристи во април

28

Бројот на туристи во април оваа година изнесува 19.064, од кои 52,3% се домашни туристи, а 47,7% се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во април 2021 година изнесува 42.117, од кои 51,9% се од домашните туристи, а 48,1% од странските туристи.

Во периодот јануари – април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 19,4%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 23,3%, а кај странските има намалување за 44,3%.

Во периодот јануари – април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 12,8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12,4%, а кај странските има намалување за 32%.

Фото: Freepik