Повеќе од 100 милиони дози на вакцината Sputnik V ќе се произведуваат во Индија

41

Рускиот фонд за директни инвестиции и индискиот производител на лекови Hetero склучиле договор за производство на руската вакцина Sputnik V во Индија, а планирано е годишното производство да надмине 100 милиони дози.

Според агенцијата Ria, производството е закажано за почетокот на следната година.

Вакцината, што ја разви рускиот Истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, става првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот..

Русите тврдат дека е развиена на “добро проучена и проверена платформа, со важни предности во поглед на сигурност, ефикасност и нема долгорочни штетни ефекти“.

Фото: Facebook