Повеќе од 35.000 фалсификувани производи ќе бидат уништени

40

Во кругот на компанијата Фени Индустри од Кавадарци, денес Царинската управа ќе уништи повеќе од 35.000 парчиња различни видови на фалсификувани производи.

Разни текстилни производи, обувки, авто делови и додатоци за мобилни телефони, ќе бидат уништени под царински надвор и во присуство на претставници на брендовите.

Ова е една од активностите што Царинската управа ги презема во борбата против фалсификувањето и пиратеријата, со цел да се заштити економијата, здравјето и безбедноста на луѓето од фалсификувани стоки.

И оваа година, во соработка со Царинската управа, компанијата Фени Индустри ќе ги донира средствата наменети за уништување на фалсификувани производи во хуманитарни цели.