Повеќе од 40 земји сакаат да се приклучат на БРИКС

72

Повеќе од 40 земји изразија желба да се приклучат на економскиот блок БРИКС, објави денеска јужноафриканскиот дипломат Анил Суклал. Покрај 22-те земји кои формално побараа да се приклучат, има „еднаков број земји кои неформално покажаа интерес да станат членки на БРИКС“, изјави овој дипломат задолжен за односите со БРИКС, пренесува Ројтерс.

Јужноафриканските власти сакаат БРИКС да стане лидер на земјите во развој, а интерес за приклучување кон организацијата изразија Аргентина, Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Куба, Демократска Република Конго, Коморите, Габон и Казахстан.

Самитот на БРИКС, 15-ти по ред, ќе се одржи од 22 до 24 август во Јужна Африка, а Москва вчера објави дека рускиот претседател Владимир Путин физички нема да биде присутен, пренесоа агенциите.

Русија наместо Путин ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.