Повеќе скопски населби без струја

20

Денес од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците Антон Панов и Адам Мицкиевич во општина Центар.

Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Никола Русински бр.3, Партизански Одреди бр.64-а, 64-б, 66-а и 66-б во општина Карпош. Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Скупи и од улиците со број 12 и 14 во општина Карпош.
Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат и корисниците од село Горно Блаце, општина Чучер – Сандево.
Дел од корисниците лоцирани на улиците Шарпланинска, Тиранска и Пекљане во општина Ѓорче Петров, без струја ќе бидат од 9:30 до 14 часот.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.