Повеќе скопски населби денеска без струја

10

Дел од корисниците од Кисела Вода, Гази Баба, Студеничани, Ѓорче Петров, Карпош и Центар денеска ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во електросистемот.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 8.30 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата Малешевска во општина Кисела Вода. Во периодот од 8.30 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците 18 и 22 во село Трубарево.

Од 8.30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Драчевица и Цветово, а од 9 до 15.30 часот корисниците од населба Стопански Двор лоцирани во околината на гробиштата и црквата.

Во периодот од 10.30 до 15.30 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата Леринска, а од 11.30 до 12.30 часот корисниците лоцирани на булеварот Теодосиј Гологанов во околина на објектот на Тинекс и Пожарниот дом. Од 14.30 до 16.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Коле Неделковски како и корисниците од околните улици во општина Центар.

Прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во тие региони.