Повеќе скопски населби вечер без вода

23

Заради реконструкција во Пумпната станица – Гази Баба, од 22.00 часот вечерва, до 07.00 часот утре изутрина, ќе има прекин на водоснабдувањето за корисниците од населбите Железара, дел од Автокоманда, Гази Баба, Чаир, Бутел 2, Топанско Поле и Скопје-Север.

РЦУК – Велес известува дека и понатаму продолжуваат рестрикциите во водоснабдувањето во Кавадарци од 00.00 до 05.00 часот.

РЦУК – Тетово ја пренесува информацијата од ЈКП Тетово во која се наведува дека во Тетово има рестрикции во водоснабдувањето и тоа од 17.00 до 20.00 часот и од 00.00 до 05.00 часот.