Повеќето артикли нарачани преку интернет не го поминуваат овој тест

Такви резултати, покажале анализите на шест европски здруженија за заштита на потрошувачи кои преку онлајн продавници како Amazon, AliExpress, eBay и Wish нарачувале уреди и проверувале дали ќе ги поминат вообичаените европски тестови на сигурност.

Меѓу нарачките имало уреди за откривање на чад и јаглен диоксид, играчки USB кабли и адаптери, гардероба, средства за белење на заби.

Анализите ги спроведоа белгиското, италијанско, холандско, данско, германско и британско здружение за заштита на потрошувачите.

Секој нарачан артикл прв бил ставен на визуелна инспекција, а посебно е шокантно тоа што дури и со такво “примитивно“ ниво на анализа било доволно да се дојде до заклучок дека предметот не е во ред.
На пример, играчките имале делови коишто лесно се ваделе и постои можност од проголтување од страна на детето или блузи со качулка коишто имале предолги врвки и постои опасност детето да се задави.

Три од четири USB полначи и адаптери паднале на тестот на безбедност бидејќи се прегревале или би можеле да предизвикаат струен удар, а повеќето од тестираните биле ефтини и производи од непознати брендови.

Како што напоменуваат од европското здружение за заштита на потрошувачи, анализите покажале дека онлајн продавниците, и покрај фактот што од време на време се повлекуваат производи за кои ќе се докаже дека се неизправни, и понатаму е место каде може да се купат артикли коишто не ги задоволуваат стандардите.

Фото:Pixabay