Повеќето корисници на компјутери во САД не чуле за Windows 11

34

Новиот оперативен систем Windows 11 официјално ќе биде објавен следната недела, на 5 октомври. Но, една неодамнешна студија во Соединетите држави покажува дека мнозинството корисници на компјутер не се свесни за овој настан.

Истражувањето го спроведе Savings.com меѓу 1.042 возрасни корисници на компјутери на кои им беа поставувани разни прашања, објави „Неовин“. Најинтересниот факт е дека 62% од испитаниците не знаат за претстојното издание на Windows 11.

Меѓу корисниците кои знаат за објавувањето на Windows 11, околу 40% планираат да ги надградат своите системи. 14% не сакаат да инсталираат нов оперативен систем, а 45% се уште не одлучиле.

38% од испитаниците кои знаат за Windows 11 не можат да ја наведат најинтересната иновација во оперативниот систем. 14% велат дека со нетрпение очекуваат да работат со Android апликации на нивниот компјутер. 13% од учесниците чекаат нов дизајн, ист процент од корисниците споменуваат нови карактеристики за игри.

Околу 4% од учесниците во анкетата укажаа на можноста за диктат на глас со автоматска интерпункција, додека 3% од Американците беа заинтересирани за за нови „виџети“.