Повисок индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

10

industriski-merac-za-pritisok-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2017 година е за 0,4 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2016 година е зголемен за 2 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2017, во однос на јуни 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јуни 2017 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а е поповолна и во однос на јули 2016 година. Се очекува бројот на вработените да расте.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2017 година изнесува 65,3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20%, недостигот на квалификувана работна сила со 19,2%, недоволната домашна побарувачка со 17,9% и неизвесното економско опкружување со 12,4%.