Повисок индикаторот во преработувачката индустрија во август

21

fabrika-hrana-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачка индустрија во август 2017 година е за 0,4 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на август 2016 година е зголемен за 1,9 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2017, во однос на јули 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на јули 2017 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на август 2016 година. Се очекува бројот на вработени да расте.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2017 година изнесува 65,5% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21%, недоволната домашна побарувачка со 18,6% недостигот на квалификувана работна сила со 18,3% и неизвесното економско опкружување со 12,1%.