Повисок промет од продажба на услуги во првото тримесечје

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во првото тримесечје од 2024 година покажува зголемување во однос на првото тримесечје од 2023 година за 0.5 %.
Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истото тримесечје од 2023 година, најголемо зголемување од 17.0 % има во одделот Канцелариско-административни и помошни дејности и деловно-помошни дејности.