Повисоки цени на индустриските производи на странските пазари

13

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во февруари оваа година се повисоки за 0,7% во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Продажните цени на индустриските производи на странски пазари во февруари оваа година во однос на истиот период лани се пониски за 3,9%.

Во февруари оваа година во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,7%.

Цените на индустриските производи во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,4%, а во секторот Преработувачка индустрија за 3,5%.