Повисоки цени на индустриските производи на домашен пазар во февруари

19

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во февруари оваа година, на домашниот пазар се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 3,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за сила.

Во февруари 2015, во споредба со јануари 2015, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се повисоки во групата Капитални производи за 1,5% и во групата Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 0,3%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во февруари 2015, во споредба со февруари 2014, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 8,8%, како и во групите Интермедијарни
производи, освен енергија и Капитални производи за 1,3%.