Повисоки цени на индустриските производи во ноември

117

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноември оваа година, се повисоки за 0,3% на месечно ниво, а за 0,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2020, во споредба со октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,5%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,1%.

Во ноември 2020, во споредба со ноември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,4%, а во секторот Преработувачка индустрија се непроменети.

Фото: Freepik